LIVE BACKUP
LIVE
RadioBM Prilep
Mak POP-ROCK
ExYU POP-ROCK
ExYU hits
80s hits
Love songs
Caffe radio
Lounge bar
Mak folk
Funk & soul
todaySeptember 30, 2024 710
Легендарната македонска група „Меморија“ во пресрет на својот голем славенички концерт закажан за 16 ноември 2024 во арената „Борис Трајковски“ по повод 40 години од своето постоење, денеска премиерно на Радио Бубамара пушти уште една нова, петта по ред песна насловена „За добро да е“. Овој пат во прашање е нова авторска песна, чиј автор е новиот гитарист на бендот Рубин Димковски, додека автор на текстот е Душко Темелковски, некогашниот пејач на прилепската група „Бен Хур“.
Песната е стилски поинаква од сето она што досега групата го работела, во брз ска ритам, но со мошне заразен и певлив хорски рефрен и стихови од кои извира чиста позитива, што и тоа како ни е потребно на сите нас во овие времиња. Главниот вокал и овој пат го преземал Ристо Самарџиев, но во хорските рефрени пеат сите членови на групата, што дава добар шлагворт за уште подобра интеракција со публиката која ќе ја пее во еден глас со групата на нивниот претстоен, славенички скопски концерт, на 16 ноември, но и на сите останати настапи во иднина.
Песната официјално ќе биде промовирана на претстојната прес конференција закажана за вторник, 1 октомври 2024 година во 13.00 часот во просториите на „Универзитет Скопје“.
Песната „За добро да е“ во моментов е хит на Радио Бубамара!
Written by: radiobubamara_editor
1
Gabi Novak & Royal Philharmonic Orchestra
2
Ana Petan & Dado Topić
3
Marija Mirkovic
Post comments (0)