На 12 октомври 2024 година, во Македонската опера и Балет, во организација на „Естрада мултимедија центар“ првпат ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“.
На настанот ќе учествуваат млади музичари од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, но и подалечните земји, како Русија, Украина, Малта, Израел…
Натреварувачите ќе настапат првo во полуфиналето, а потоа ќе следува и финале, во кое ќе учествуваат сите оние што ќе бидат најдобро оценети од страна на жирито, составено од бендот на Тоше.
Влезниците, кои се во ограничен број, веќе се пуштени во продажба и се продаваат по цена од 400 денари за билет.
Организаторите најавуваат дека овој настан ќе ги обедини најдобрите млади музичари и пејачи од Македонија и пошироко, кои во живо ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше Проески.
