LIVE BACKUP
LIVE
RadioBM Prilep
Mak POP-ROCK
ExYU POP-ROCK
ExYU hits
80s hits
Love songs
Caffe radio
Lounge bar
Mak folk
Funk & soul
Oбожавателите на Бора Чорба веројатно би сакале вака да размислуваат за него – дека тој сега се чувствува барем спокојно. По неколкудневната битка со опстуктивна белодробна слабост, фронтменот на групата Рибља чорба, една од највлијателните рок групи во некогашната Југославија и по неа – почина утрово во болница во Љубљана. “Почивај во мир, драг наш Боки“, објавија членовите на „Рибљ чорба“ по смртта на легендарниот музичар.
Борислав Бора Ѓорѓевиќ, познат како Бора Чорба, е главен вокал и текстописец на рок-групата „Рибља чорба“ од нејзиното основање во 1978. Пред тоа беше член на групите „Сунцокрет“ и „Рани мраз“.
„Рибља чорба“ го сврте вниманието кон себе во 1982 година со песната „Лутка са насловне стране“. Се потоа е историја. Според многумина позмавачи, „Рибља чорба“ со харизматичниот фронтмен и жесток текстописец Бора Чорба, се најголемиот рок бенд од овие простори. Помеѓу името на Рибља чорба и Бора чорба многумина ставаат знак на еднаквост. И не грешат. Познат по суровите текстови и по контроверзните ставови – Бора Чорба беше и остана еден од највлијателните на регионалната музичка сцена.
„Рибља чорба“ и Бора чорба објавија 20 студиски албуми, не успеаја да го објават 21-от насловен „Љубов и смрт“, на кој работеа последните месеци. Бора Чорба велеше – за среќа, љубовта секогаш победува. Овој пат не беше така.
Бора Чорба велеше дека најдобро се чувствувал во 80-ите. И дека е среќен што припаѓа на таа повозрасна генерација, која го живеела животот со полни гради. Од друга страна – велеше: „Несреќен сум што го доживувам тоа што го доживувам и што гледам како се урива светот и се девалвира хуманоста. И среќен сум што тоа нема да го доживеам до крај“.
Групата “Рибља чорба“ во својата кариера брои многу хитови, но „Погледај дом свој, анџеле“ е нумера која без сомнение ја одбележа кариерата на Бора Чорба. Се смета за една од најдобрите песни на сите времиња, а со неа групата го завршуваше секој свој концерт. На доделувањето на Златната Бубамара на популарноста 2019 год, кога Бора Ѓорѓевик го освои признанието за трајни музички вредности, ја слушавме оваа вечна песна која добитникот ја отпеа со Игор Џамбазов.
И во неговиот личен избор, баладата „Погледај дом свој, анџеле“ од шестиот студиски албум „Вистина“, објавен 1985, е таа што би ја избрал кога би требало да се определи за една од сите песни кои ги напишал. Песната настанала спонтано, а Бора Чорба ја пишувал во време кога бил бунтовник и критичар на светот околу себе. Името го добила по истоимениот роман на Томас Вулф, кој се занимава со годините на американската криза. Во текстот на песната Бора Чорба им се обраќа на анѓелите кои не сакаат да ги согледаат страшните собитија околу нив и ги повикува да станат ангели на одмаздата.
Каков би бил да добие можност повторно да го одживее својот живот? „Би бил подобар, би настојувал да бидам подобар, велеше Бора Чорба. Всушност можеби и не. Би ги повторил сите свои грешки, можеби би грешел и повеќе“. Така зборуваше Бора Чорба….
Written by: radiobubamara_editor
1
Gabi Novak & Royal Philharmonic Orchestra
2
Ana Petan & Dado Topić
3
Marija Mirkovic
Post comments (0)