LIVE BACKUP
LIVE
RadioBM Prilep
Mak POP-ROCK
ExYU POP-ROCK
ExYU hits
80s hits
Love songs
Caffe radio
Lounge bar
Mak folk
Funk & soul
На денешен ден 20.08.1964 година роден е Дино Дворник, кралот на фанк музиката на Хрватска, но и на сите балкански простори. Почина на 07.09.2008 година.
Смртта на 44-годишниот пејач го шокираше регионот.
Дино секогаш го следеше репутација на исклучително талентиран музичар, но со многу лабилен и слаб карактер.
Секогаш бараше внимание, беше склон кон депресија, а неговата зависност од дрогата не беше тајна. Пејачот не почина од предозираност, како што се шпекулираше, туку од комбинација на лекови, препишани од неговиот доктор.
Починал во сон, во семејниот дом.
И после толку години по неговата смрт се паметат зборовите на неговата мајка:„Почина тажен, несреќен и депресивен. Не можеше да ја преболи смртта на татко му.“
Музиката на Дино Дворник го одбележа крајот на осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век. Љубителите на музиката секогаш ќе се сеќаваат на „Африка“, „Јаче манијаче“, „Теби припадам“ и на култната „Ти си ми у мислима“…
Во времето кога го подготвувал својот последен албум “Пандорина кутија“ Дино бил несигурен во својот успех.
Кралот на фанкот не ја дочека неговата промоција која се случи два месеца по неговата смрт. Неговите недовршени песни ги завршиле неговите соработници.
Written by: radiobubamara_editor
1
Gabi Novak & Royal Philharmonic Orchestra
2
Ana Petan & Dado Topić
3
Marija Mirkovic
Post comments (0)