Калиопи ќе одржи концерт во Крива Паланка на 24 август во рамките на фестивалот „Џои фест“ на Градскиот плоштад. Ден порано на истото место ќе настапат „Суперхикс“ и „Конкеринг лајон“, а на 24 август, пред Калиопи свири бендот „Кисити“.
„Џои фест“ е традиционална манифестација на отворено во Крива Паланка која се одржува на крајот на август.
По успешните концерти ова лето во Битола и Охрид, Калиопи на 19 октомври ќе одржи концерт во Скопје, во салата „Борис Трајковски“.