Џез-музичарот Владимир Четкар има нова песна и спот!

“Don’t Make Me Wait” или “Не оставај ме да чекам” е комплетно авторско дело на Четкар на кое тој е потпишан како композитор, аранжер, текстописец, оркестратор, диригент и изведувач (вокал и гитара).

Во моментов е актуелен хит на 105.2. Инаку песната ќе се најде на најновиот студиски албум на Четкар “Let Us be” кој прво ќе биде ексклузивно издаден на 18. Септември во Токио од страна на познатата јапонска музичка куќа “P-Vine Records” за набрзо потоа да биде издаден низ целиот свет.

“Don’t Make Me Wait” е снимена комплетно со жива инструментација (гудачка, дувачка и ритам секција како и водечки и пратечки вокали изведени од Четкар) во Чикаго во студиото “Electrical Audio” и во “Hi Fi Studios” во Милвоки.

На 3 август, сабота, Четкар со својот Џез, Соул и Фанк Ансамбл ќе оддржи концерт во Охрид.