Концерт „Најдоброто од Копров” со специјални гости на Скопско лето

Концертот  „Најдоброто од Копров “ со Ана Петановска,  ќе се одржи утревечер – 04.07.2024г. (четврток) во 20:30 часот во Националната опера и балет.

Публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови компонирани од Григор Копров како што се Лиду ду, Остани во мене, Не зори зоро, Не допирај ме, Твоите бакнежи на моите бели кошули, Анушка и многу други.

Концертот преставува музичко патување низ долгогодишното творештво на Григор Копров, во изведба на моќниот вокал на Ана Петановска со ексклузивните гости: Владо Јаневски, Наде Талевска, Горан Наумовски и Денис Димоски, а во придружба на камерен оркестар.

Музички продуцент на настанот е Давор Јордановски.