LIVE BACKUP
LIVE
RadioBM Prilep
Mak POP-ROCK
ExYU POP-ROCK
ExYU hits
80s hits
Love songs
Caffe radio
Lounge bar
Mak folk
Funk & soul
todayAugust 25, 2023 145
Предводникот на популарниот Лачни Франц, Зоран Предин, освен музиката, ја сака и кошарката. Кога овие две љубови ќе се спојат, се создава нова песна наречена „Топката има душа”. Доаѓа сезоната на кошаркарски натпревари, што дополнително го поттикна навивачот во Зоран да создаде нова привлечна навивачка мелодија, а за да ги надмине регионалните јазични бариери, песната е снимена во три верзии, и тоа на хрватски, словенечки и македонски јазик.
„Како долгогодишен љубител и почитувач на кошарката, по повод овогодинешното светско првенство во кошарка, ја напишав песната „Топката има душа“. Тоа е песна за нас, посебно кошаркарско племе кое не прави разлика меѓу пол, вера, националност и боја на кожа. Токму спротивното. Воодушевена од оваа игра, таа не обединува како сродни души од сите возрасти и професии. Истите тројки и банани не креваат на нозе, сите наши победи се подеднакво слатки за секого и нашите солзи се подеднакво горчливи за сите. Затоа пеам дека топката има душа и дека нејзиниот ритам секогаш не носи во подобар свет, светот на нашиот омилен спорт кој секогаш ни ги исполнува срцата со најубави чувства.“
Written by: radiobubamara_editor
1
Gabi Novak & Royal Philharmonic Orchestra
2
Ana Petan & Dado Topić
3
Marija Mirkovic
Post comments (0)