„Flowers Symphony“ – музички спектакл на Оркестар ДИВА во Битола и Охрид

Овој август, љубителите на врвната музика ќе имаат можност да уживаат во две спектакуларни летни вечери под отворено небо. Оркестар ДИВА го најавува концертот „Flowers Symphony“, раскошно музичко доживување со повеќе од 100 учесници на сцената, кое ги спојува оркестарската моќ, оперскиот вокал и магијата на филмската музика.

Концертите ќе се одржат на две атрактивни амбиентални локации:

  • 17 август 2026 година, во 21:00 часот – Пацио на НУ Завод и Музеј – Битола
  • 18 август 2026 година, во 21:00 часот – Долни Сарај – Охрид

Годинашната програма носи богата селекција на безвременски италијански канцони и оперски арии, надополнети со култни теми од филмската музика. Публиката ќе има можност да ги слушне композициите на некои од најзначајните автори на филмската музика, меѓу кои Енио Мориконе, Џон Вилијамс и Ханс Цимер.

Под диригентската палка на Владимир Димовски, со Оркестар ДИВА ќе настапат Јаворка Витанова, Виолета Арсовска и Зана Абази-Рамадани. Дел од музичкиот состав е и хорот „Гортинија“ од Гевгелија, под водство на Илија Атанасов, а специјални гости на концертите ќе бидат Наде Талевска и Билјана Талевска.

Билетите се во продажба на yournextevent.info, во Тобако Димпо и кај Аждер.