„Врати ми ја тишината“ е новиот сингл на групата „Љубојна“, која годинава слави 25 години постоење. Песната беше промовирана во живо на славеничкиот концерт на 29 март во Филхармонија. Гостин во синглот е Бранислав Николов, фронтменот на „Фолтин“.
„‘Врати ми ја тишината’ е инспирирана од музичката тема ‘Танго за тројца’, во соработка и дружба со ‘Фолтин’“, велат од „Љубојна“.

Спотот е документиран на сесиите во студиото „Вејв“ и во Театар Комедија.
Музиката и аранжманот се на Оливер Јосифовски, текстот е на Сашо Димоски, а вокалната изведба е дует на Вера Милошевска-Јосифовска и Бранислав Николов.