
Новата песна „Лажем кад зинем“ на Рамбо Амадеус има автотераписко дејство
Антоние Пушиќ, познат како Рамбо Амадеус, минатата недела, на ден пред да ја добие Златната бубамара на популарноста, ја објави новата песна „Лажем кад зинем“. Поради провокативниот текст, песната предизвика бројни реакции во јавноста. Познат како критичар на актуелните општествени состојби, Рамбо Амадеус и овојпат напиша предизвикувачки текст и музика.



