
Овации за Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ во Скопје
Две децении по првото издание на нивниот заеднички албум „Трета мајка“, со десет инструментални преработки на македонските народни песни на цеде, деновиве беше објавено и винилно издание од ова музичко ремек-дело. Токму по тој повод, викендов во Скопје повторно се сретнаа двајцата пријатели, двајца музички барда, врвни гитаристи, кои покажа




