Наградена како најперспективна пејачка,Тина Русева ја објави новата песна „Своја“

Младата македонска музичка сензација Тина Русева, која неодамна ја доби престижната награда за најперспективна млада пејачка на Златна Бубамара на популарноста, продолжува да го освојува музичкиот простор со нови успеси.

По освоената титула победник на The Voice of Europe 2025 и бројните пофалби од публиката, Тина сега ја претставува својата прва македонска авторска песна „Своја“.

https://www.youtube.com/watch?v=dGmE3YYRnXQ

Оваа модерна, динамична поп-композиција носи силна порака за самодоверба, искреност и храброст да се биде тоа што си.Музиката и текстот на песната ги потпишува Никола Буџак, додека аранжманот е на Иван Кукиќ. 

По повод премиерата, Тина се обрати до своите следбеници на социјалните мрежи, откривајќи колку оваа песна ѝ значи:

„Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат својот сон. Ова е нешто што долго време го носев во срце и навистина посебно се радувам што конечно ќе ја споделам со вас“, напиша таа.