The Hounds со нов сингл „Тишина“!

Written by on јули 6, 2021

Македонскиот алтернативен бенд „Д Хаундс“ (The Hounds), по кратка пауза, објавија нова песна насловена „Тишина“.

За музиката, текстот и аранжманот се погрижија членовите на бендот , а за продукцијата беше задолжен Јордан Манов – Devils Eye Studio.

Златко Карчески(Zlatko Karceski ), фронтменот на „Д Хаундс“, на својот фб профил напиша:

-„За “Тишина”

Крат(ish)ко споделување на неколку мисли од срце

Сакале да признаеме или не, тишината беше тоа што не повика да почнеме со ваков проект. Што не предизвика да правиме нова музика, дури и повеќе песни од тоа што првично беше планирано и го зборував на интервјуа. Целосно растеретени од тоа каков статус ќе добијат песните, како ќе “поминат” пред народ, успеавме да направиме нешто со што особено се гордееме.Тишина е првиот здив на оваа приказна. Особено сме благодарни на Jordan Manov кој продукциски го водеше целиот процес, нашите фантастични гости Branislav Nikolov и Vesna Malinova кои дадоа дел од својата душа во песната, Trajkoski Josif кој го режираше видеото, Jana Janeska Risteski која секогаш влегува во оган за нас и е тука кога е најпотребна, Olivera Dilindarski и Sara Spirkoska кои влегоа со искрена љубов во ова, која се почуствува одма на сет, на првиот тејк. Другарите од Единак и Dejan Angeloski кои логистицираа на локациите кои снимавме, нашите прекрасни фамилии кои не сакаат, поддржуваат и “трпат” во ова…Ова е Тишина, од Хаундс, Славејот и Малинова. Не е ни почеток ни крај, само транзиција. Уживајте ја.П. С.Не можам да опишам колку сум среќен.“


[There are no radio stations in the database]