Skopje Beer Fest 2019
Written by Р.Б. on септември 5, 2019
Од 12-ти до 15-ти септември 2019-та, на стадионот на АРМ во Градски парк ќе се одржи Skopje Beer Fest – традиционален гурмански викенд во Скопје со четиридневна, неверојатно богата програма, многу пиво и бесплатен влез за време на целиот фестивал.
На повеќе од 30 штандови, посетителите ќе имаат можност да дегустираат повеќе од 80 домашни и странски брендови пиво и да уживаат во гурманските специјалитети на најдобрите локални шефови. фестивалот посветен на пивото, не оди без добра музика и спорт.
Годинaва ќе имаме три сцени, една со најдобрите изведувачи од домашната и регионалната музичка сцена, втора за silent disco и различни еколошки ритми подготвени од пакомак, и трета на која ќе навиваме заедно за најдобрата македонска одбојкарска репрезентација и тим по личен избор на светското првенство во кошарка.
Изведувачи на Skopje Beer Fest 2019: Kiril Djaikovski, S.A.R.S., Др. Неле Карајлиќ, Who See, Dzambo Agusevi Orchestra, Conquering Lion, Паркети, Горан Трајкоски, Diskobajagi, Këpurdhat, ZeeBomb, Палиндром…, и многу други…