„Monsters“ – новиот сингл на Тамара

Written by on ноември 25, 2019

Тамара Тодевска се врати на музичката сцена со нова песна насловена „Monsters“, која синоќа ја промовираше на нејзиниот You Tube канал.

Позади песната стои истиот тим кој работеше на евровизиската „Proud“, песна со која таа ѝ донесе најголем пласман на Македонија и беше прва според гласовите на жирито.

Еве што Тамара изјави за новата песна и за новиот албум кој можеме наскаро да го очекуваме:

„Последните неколку месеци се посветив на снимањето на мојот нов албум, а „Monsters“ е само мала најава за она што ќе следи во наредниот период. Албумот го работам со Роберт Билбилов, Дарко Димитров и со Лазар Цветковски. Македонските текстови ги пишува Игор Џамбазов, а за англиските е задолжен Коста Петров“, вели Тамара.


Current track

Title

Artist