Mузички подарок за Ресен и Преспа- Дац и Митевски ја снимија „Три години болен лежам“!

Written by on септември 17, 2021

Познатото дуо Дац и Александар Митевски повторно ги воодушевија своите фанови.

Почитувајќи ја традицијата и негувајќи ја старата македонска песна, отпеана со срце и душа, овојпат заедно со актерот Атанас Тановски – Таше, кој е ресенчанец, ја раскажаа музичката приказна за Ресен и Преспа и во ново руво заблеска познатата ресенска песна „Три години болен лежам“.

На нивниот фб профил напишаа:

-„ПРЕМИЕРА 🔥 НОВО РУВО 🔥 ПРЕМИЕРА ДАЦ, АЛЕКСАНДАР И ТАШЕ ❤ ЗА ПРЕСПА 🇲🇰🍎Како подарок за Ресен и Преспа ја снимивме прекрасната мелодија од тој крај, “Три години болен лежам”, дел од репертоарот на легендарните “Распеани ресенчани” 🍎Во еден личен Ford Taunus од 1974 година 🚘, ја поминавме прекрасната Преспа и направивме убава видео разгледница заедно со нашиот специјален гостин, родум од Ресен, актерот Анастас Тановски – Таше. Заедно со нас се и дел од членовите на некогашните “Распеани ресенчани” 🥁Благодарност за комплетната поддршка на Општина Ресен во остварувањето на овој проект кој ќе остане да трае и трае ❤ Во ова “ново руво” на песната учествуваа и врвните музичари : Ташко Грујовски, Zoran Kraguevski на кларинет, Дарко Илиевски на армоника, Боби Јоргушески Јоргуш на пијано и нашиот гостин на канон, Timko Chichakovski. Видео Pikado Creative Collective 🎬Споделете ја оваа убава приказна за Ресен..Насекаде носиме љубов и позитивна енергија ❤Ве сакаат Дац и Александар 🥰

фото: фб Дац и Александар Митевски


[There are no radio stations in the database]