LILIT го објави новиот сингл!

Written by on декември 7, 2021

Maкедонскиот музички состав LILIT по трет пат оваа година го разбранува нашето музичко поднебје – овој пат со новиот сингл насловен “Одговор”. 

– Сведоци сме на одмотување на една лична приказна со носталгичен почеток и моќен крај. Во самиот спот искористени се кадри од првиот концертен настап на LILIT со кој ја запознаа јавноста со дел од нивниот прв албум.

Покрај “Одговор” на концертот во проширен состав од 12 музичари беа изведени уште неколку неиздадени нумери. Како збогатување на основата на бендот се појавија Сашко Николовски, Кирил Кузманов, Сенад Усеин, Калина Велковска, Полина Тасева и Драган Ѓуровски. Всушност, самиот сингл е и најава за албумот “ЧУДО”, кој набрзо ќе биде издаден и пуштен во продажба.

Вокал на LILIT е Емилија Колоска, автор и басист е Трајко Симоновски, гитарист е Иван Петровски а зад клавијатури се појавува Филип Димишковски.


[There are no radio stations in the database]