Jakarta се враќа на музичката сцена!
Written by Р.Б. on јуни 17, 2020
Белградскиот бенд Jakarta, кој беше активен во текот на осумдесеттите години и на публиката на поранешна Југославија им подари незаборавни поп-хитови како што се : „Pozovi me”, „Spiritus”, „Bomba u grudima”, „San je jak”, „Osvojiću svet” и други, по повеќедецениска пауза (последното издание беше објавено во 1986 година) се врати на сцената со преработки на песни кои важат за класика во поп музиката.
Една од нив е познатата песна „Solsbury Hill” од Peter Gabriel.
Во српска верзија, песната е со наслов „Selo Banja” , а текстот е инспириран од детството на Игор Поповиќ, фронтменот на Jakarta.
Бендот, минатиот месец, го издаде и првиот авторски сингл насловен „Tamna strana Meseca“.
-„Оваа песна претставува потсмев на сегашниот ритам на животот и на површноста во која владее мотото „да се биде присатен насекаде во медиумите, на кој било начин“, додека љубовта и најубавите мали нешта се маргинализирани. Сепак, ова е мислење на маж кој ќе наполни 58 години на денот на објавување на песната, 15 мај “-изјави Игор Поповиќ, фронтменот на Jakarta.