Blog sidebar

Background

Музички вести

Калиопи го објави видео записот за „Дај, дај ми дај“

2024 беше повеќе од добра и успешна година за Калиопи. На почетокот на годината, заедно со својот продуцент Ромео Грилл го реализираа својот нов албум насловен „АЛБУМ“, кој беше промовиран на крајот на мај со четири нови видеоспотови. На тој начин ги одбележаа и 40-те години од нивната заедничка соработка. И тоа не беше сè! Во текот на летото, таа уживаше заедно со својата публика во Македонија на големите концерти во […]

todayDecember 30, 2024 31

Музички вести

Слушнете ја новата верзија на „Новогодишна општонародна“ на К-15

Легендарните Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Бубо Каров од хумористичната емисија „К-15“ снимија нова верзија на нивниот музички хит „Новогодишна општонародна“, а на социјалните мрежи напишаа: „Другари и другарки, Ви посакуваме среќни празници, многу здравје и љубов, со надеж дека животите ќе ни станат подосадни, а нашите скечеви веќе нема да се толку реални... Благодарност за целата поддршка и љубов низ сите невремиња“. Аранжманот е дело на Александар Митевски, а […]

todayDecember 30, 2024 89

Музички вести

Да даруваме одговорно – Државна лотарија

Државна лотарија, како одговорен приредувач на игри на среќа, членка на Европска Асоцијација на лотарии и учесник во Кампања за одговорно дарување ‒ Gift Responsibly Campaign 2024 , се придружува кон организациите ширум Европа и светот со цел подигање на јавната свест за ризикот од дарување инстант лозови на деца. Кампањата е во организација на National Council on Problem Gambling (NCPG) и на International Center for Youth Gambling Problems and High-Risk Behaviors при McGill University. Истражувањата покажуваат […]

todayDecember 25, 2024 18

Музички вести

По 40 години се враќа „Бушава азбука“

По 40 години се враќа „Бушава азбука“ со новогодишна песна „Бушава Нова година“ дел од новата анимирана серија „Буквождер“. Втора „Бушава азбука“ (2БА) е продукција, Види Вака раскажувачко студио и Георги М. Унковски во копродукција, кои денеска соопштија дека ја објавуваат новогодишна песна „Бушава Нова година“, со која го најавуваат враќањето на образовно-забавниот бренд „Бушава азбука“. Песната е дел од новата серија „Буквождер“, анимирано продолжение и приказна за буквите и за […]

todayDecember 23, 2024 85 2

Музички вести

Долготрајни овации за Влатко Стефановски на концертот во Белград

Македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски прослави 50 години кариера со одличен тричасовен концерт во преполниот „Сава центар“ во Белград каде гости му беа музичарите Мирослав Тадиќ и Златан Стипишиќ Џибони. „Искрено ви благодарам што го наполнивте „Сава центар“  и што ме поддржувате повеќе од 50 години“, рече Стефановски, откако сам го отвори концертот со акустична гитара и „Приспивна за Радмила М.“ Потоа му се придружи легендарниот гитарист Мирослав Тадиќ, […]

todayDecember 18, 2024 38 2

Музички вести

Александар Јовевски со видео спот ја промовираше „Игра на инструментите“

Познатиот македонски композитор Александар Јовевски го промовираше новиот спот изработен за композицијата „Игра на инструментите“ чиј композитор и аранжер е тој. Оваа композиција е дел од неговиот албум „Од колено на колено“. Настапуваат Александар Јовевски на пијано, кавал и тамбура, Горан Гешовски на бас, Ратко Даутовски-перкусии. Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, како проект од национален интерес. Александар Јовевски во текот на месец ноември […]

todayDecember 16, 2024 61

Музички вести

Слаткар и Тони Зен ја освојуваат сцената со „Жими сè“

Македонските рап легенди Слаткар и Тони Зен повторно ја разбудија музичката сцена со нивниот најнов проект – песната „Жими сè“, која во придружба со визуелно впечатлив видеозапис, навести дека овој тандем нема намера да застане. По успехот на „Милион лета“, ова ново издание е свежа потврда на нивната креативност и хемија, кои успеваат да ги допрат сите генерации. Текстот на „Жими сè“ носи препознатливи искрени пораки, со доза хумор, реалност […]

todayDecember 6, 2024 48

Музички вести

Не пропуштајте да ја чуете и видите „Седна баба да вечера“ во диско верзија!

Музичкиот и мултимедијален уметник Лазар Аврамовски деновиве го објави своето најново музичко и видео дело. Овој пат тој ја обработи „Седна баба да вечера“. „Во овој аранжман сакав да ја доближам младата публика до изворните народни песни преку диско-фанк-соул реаранжман“, напиша во промотивните материјали за аранжманот и видеото Аврамовски. Главни вокали во изведбата на „Седна баба да вечера“ се Светлана Јовановска, Тања Кочовска и Јелена Јованова, а придружни вокали се […]

todayDecember 5, 2024 188

Музички вести

ЗДРАВКО ЧОЛИЌ СО СИМФОНИСКИ ОРКЕСТАР ВО МАРТ ВО СКОПЈЕ

Легендарниот Здравко Чолиќ, една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња на нашите простори, по 6 години ќе се врати во Скопје на 18 март 2025 година, во Арена Борис Трајковски. Овој пат, тој пристигнува со дури 50 врвни музичари, големите инструментални солисти на новосадскиот Биг бенд и оркестарот на операта на Српскиот народен театар од Нови Сад. Откако оваа ексклузивна концертна програма на Здравко Чолиќ со симфониски оркестар ги […]

todayDecember 4, 2024 160

Музички вести

Новиот албум „Ascend“ на Горан Таневски достапен на стрим сервисите

Горан Таневски по објавувањето на сингловите „Wish a man“ и „Среќен ден“ го објави албумот „Ascend“, кој е достапен на стрим сервисите. „Ascend“ е првиот албум од трилогијата „Среќен сум дури и без себе“ поделен во три фази од животот на авторот. На албумот, покрај двата објавени синглови, има уште седум, досега необјавени песни. – Сеќавајќи се на мојата младост од една дистанца, се обидов да ги разберам и музички […]

todayDecember 4, 2024 47

0%