Музички вести

Кога сцената молчи, музиката зборува – Александар и Дац го промовираа видеото за театарската нумера

todayApril 7, 2025 100

Background
share close

Во 2020 година, претставата „Хипноза за една љубов“ на Душан Ковачевиќ требаше да ја доживее својата голема премиера во Драмски театар. Но тогаш светот застана. Маски, дистанца, скратена верзија… Се случи премиера, но претставата згасна тивко – како недоигран сон.

Иако не го виде сјајот што го заслужуваше, остана како храбра трошка светлина во едно темно време. Како сведоштво – останаа песната „Хипноза“,неколку фотографии и креациите на Дац, Џокица, Маја, Соња, Филип и Доксе. Режијата ја потпиша Димче Николовски, под менторство на Катарина Коцевска.

Денес, ова видео е втора шанса – и уште повеќе:

Приказната рекреирана преку ликовите и текстот на Душан Ковачевиќ, оживеана и визуелизирана со помош на денешната технологија.

Со уметничката визија на Александар, ова видео носи нов живот на нешто што требаше да остане на сцена – сега преку музика и слика.

Дац & Александар ја оживуваат љубовта што никогаш не престана да постои.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%