Музички вести

Голем сценски спектакл „СОНЦЕТО, КОЛКУ Е БЛИСКУ СОНЦЕТО“, MADE IN МNT

todayApril 4, 2025 40

Background
share close

На 13 ноември во 20:00 часот во МНТ премиерно ќе се одржи големиот сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“ Made in МNT, од истакнатиот режисер Дејан Пројковски.

Во оваа претстава ќе се доживее спојот на минатото и сегашноста преку клучните вредности на Македонскиот народен театар – љубов, умeтничка храброст, посветеност, визија, тимска работа, чување на традицијата и создавање нови вредности за иднината.  Претставата ќе претставува аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност. Емотивна приказна посветена на сите големи актери, режисери, драматурзи, но и на сите оние луѓе кои се позади кулисите и помагаат во создавањето на сценскиот универзум во МНТ. Во претставата ќе учествува  огромна актерска екипа од ансамблот на Македонскиот народен театар, соло пејачи, воздушни акробати и балетски играчи.

Публиката ќе биде на едно големо патување во театарот на сонцето. Овој голем сценски спектакл ќе спои повеќе изразни средства со посебен акцент на воздушната акробатика и 3Д-видеомапингот. Идејата е преку создавањето на мултимедијални сцени на оригинален начин пред сѐ преку силно визуелен израз да се раскаже за 80- годишното театарско постоење на МНТ. Во авторскиот тим на овој голем спектакл се потпишуваат: Дејан Пројковски – режисер, Валентин Светозарев – сценограф, Горан Трајкоски – композитор, Сергеј Светозарев – дизајнер на 3Д-видеомапингот и Марија Пупучевска – костимограф. Премиерата е на 13 ноември, следните изведби се на 14 и 17 ноември 2025 година. Билетите за  изведбите на спектаклот ќе бидат пуштени во продажба од денес, 4 април, преку веб-страницата, www.mnt.mk, како и на билетарницата во МНТ.

 

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%