Музички вести

Првиот концерт на Влатко Стефановски распродаден, отворен нов датум!

todayMarch 7, 2025 43

Background
share close

Kонцертот на легендарниот гитаристички виртуоз Влатко Стефановски, закажан на 9.
Мај во Македонската Филхармонија е рапродаден. Поради големиот интерес, пуштен е
дополнителен термин на 10. Мај 2025 година, исто така во Македонската Филхармонија
со почеток во 20.00 часот.

Со овие концерти Влатко Стефановски и неговите гости ќе го одбележат
импресивниот јубилеј – 50 години на музичката сцена. Концертите ќе претставуваат
пресек на неговата извонредна кариера – од деновите со култната група “Леб и сол” па
се до неговата успешна соло кариера. Препознатливиот спој на инструментален рок,
етно џез, блуз и македонска традиционална музика, ќе добие нова димензија со
посебни гости, кои ќе му се придружат на сцената во овие незаборавни вечери и ќе
изведат хитови како “Чукни во дрво”, “Gipsy Song”, “Чувам ноч од будних”, “Као Какао”,
“Македонско девојче” и многу други.


Пред кратко време В.Стефановски во легендарното Abbey Road Studiju 3 во Лондон, го
сними албумот “London Sessions”, кој претставува врвна соработка на врвни музичари.
На албумот се и неговиот син, Јан Стефановски на тапани, како и Тихомир Хојсак на
електричен контрабас. Снимањето и продукцијата ги водеше Горан Мартинац, со
асицтенција на Ед Фарел и Леа Морис, додека “lacquer cut” на албумот во лондонското
Abbey Road Studios го режеше Sean Magee, добитник на наградата Grammy за “Mono
Box Set” од Beatles.

Новиот албум “London Sessions” е достапен и на трикратен ЛП формат.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%