Музички вести

Поезијата добро добро оди со манифестацијата Златна бубамара – емоции на најсилно со „Тешкото“

todayFebruary 20, 2025 297

Background
share close

„Тешкото“, култната песна на Блаже Конески, на овогодишната 28. Златна бубамара на популарноста, доживеа фантастична изведба со Игор Џамбазов, придружен со двајца тапанџии и  тројца играорци, членови на универзитетскиот ансамбл „Македонија“.

Оваа песна на Конески со децении е и останува и натаму синоним за македонската непокорност и за стремежот за подобар живот, па не е ни чудо што еден од емоционалните врвови на манифестацијата беше постигнат токму со овој настап.

„Зурли штом диво ќе писнат и тапан штом грмне со подземен екот….“  предизвика и по некоја солза од трогнатост меѓу многумина во публиката и вистинска катарза во финалните стихови  – „Од вековно ропство, мој народе, идеш/ но носиш ти в срце дар златен и пој/ Пченицата твоја триж плодна ќе биде/ И животот твој!“.

Игор Џамбазов последниве години на доделувањето на Златните бубамари на популарноста длабоко ја допира публиката со изведбата на македонска поезија – веќе се изнаплакавме на „Цветови“ од Славко Јаневски, се трогнавме на неговата Македоникејшн со „Денови ли се денови“ на Кочо Рацин, па овогодишната изведба на „Тешкото“ беше своевидно природно продолжение на овој тренд на приближување на домашната публика до најшироката публика.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%