LIVE 2
LIVE
Mak POP-ROCK
ExYU POP-ROCK
ExYU hits
80s hits
Love songs
Caffe radio
Lounge bar
Mak folk
Funk & soul
Државна лотарија, како одговорен приредувач на игри на среќа, членка на Европска Асоцијација на лотарии и учесник во Кампања за одговорно дарување ‒ Gift Responsibly Campaign 2024 , се придружува кон организациите ширум Европа и светот со цел подигање на јавната свест за ризикот од дарување инстант лозови на деца. Кампањата е во организација на National Council on Problem Gambling (NCPG) и на International Center for Youth Gambling Problems and High-Risk Behaviors при McGill University.
Истражувањата покажуваат дека колку порано, во текот на детството, е личноста изложена на игри на среќа и на коцка, толку е поверојатно дека подоцна во животот може да развие проблематична страст кон коцкањето. Изложеноста во периодот на детството е најчесто можна преку различни продукти подарени од страна на возрасните, несвесни за можниот ризик.
Државна лотарија е компанија чијшто фокус е придонес во заедницата со директно инвестирање во фонд за општествено корисни цели, преку учество во игрите на среќа од страна на граѓани на возраст над 18 години. Компанијата ја поздравува потребата од овој вид глобална кампања за одговорно дарување и ја имплементира локално во прилог на поздрава младина.
Државна лотарија како поддржувач на Gift Responsibly Campaign 2024, за време на празничниот период декември 2024 ‒ јануари 2025, работи на подигање на јавната свест за децата да не се вклучуваат во игрите на среќа, преку кампањата за дарување инстант лозови СРЕЌА ПЛУС. Низ рекламата кампања за дарување инстант лозови Државна лотарија потсетува дека инстант лозовите не се игра за деца.
„Проблематичното коцкање меѓу младите стана значаен и брзорастечки здравствен проблем.
Честитаме на Државна лотарија за посветеноста на јакнење на јавната свест за потребата од одговорно дарување игри на среќа преку Gift Responsibly Campaign“ рече Кејт Вајт (Keith Whyte), извршен директор на NCPG. „Нашата порака е едноставна: инстант лозовите никогаш не може да се соодветен подарок за деца“
Празниците се време за дарување, а еден од најзабавните подароци за блиските и пријателите на возраст над 18 години, полн со возбуда и шанси за поголеми и помали добивки, се инстант лозови спакувани во прекрасните коверти СРЕЌА ПЛУС, а пораката е јасна и гласи: Инстант лозовите не се игра за деца.
Ставот на Државна лотарија е дека на лица на возраст под 18 години не треба да им се даруваат инстант лозови и не треба да се вклучуваат во игрите на среќа. Воедно и надвор од оваа празнична кампања Државна лотарија се придржува кон правилата за одговорно приредување. Избирањето подарок треба да се направи со одговорност и да се внимава на возраста на примателот на подарокот.
Одговорното дарување е и дел од новогодишната кампања на Државна лотарија. Кампањата содржи повеќе информативни и едукативни пораки коишто се слушаат од сцената на караванот ЗИМКА БАЈКА и ќе бидат објавувани на социјалните медиуми, а пораката – Инстант лозовите не се игра за деца е истакната и на празничните коверти за инстант лозови СРЕЌА ПЛУС. Една од целите на караванот ЗИМСКА БАЈКА, е токму ширење на пораките за одговорно дарување за празниците. Затоа, да даруваме одговорно!
Државна лотарија
Written by: radiobubamara_editor
For every Show page the timetable is auomatically generated from the schedule, and you can set automatic carousels of Podcasts, Articles and Charts by simply choosing a category. Curabitur id lacus felis. Sed justo mauris, auctor eget tellus nec, pellentesque varius mauris. Sed eu congue nulla, et tincidunt justo. Aliquam semper faucibus odio id varius. Suspendisse varius laoreet sodales.
close1
Gibonni
2
Elena Risteska
3
Ivan Kukic
Post comments (0)