LIVE 2
LIVE
Mak POP-ROCK
ExYU POP-ROCK
ExYU hits
80s hits
Love songs
Caffe radio
Lounge bar
Mak folk
Funk & soul
todayNovember 23, 2024 40
Објавена е обработката на култната „While My Guitar Gently Weeps“ на Битлси што гитаристот Влатко Стефановски ја сними во легендарното Еби Роуд студио во Лондон за време на неговата овогодишна октомвриска сесија.
„While My Guitar Gently Weeps“ на George Harrison од легендарниот двоен „бел“ албум на Битлси, koja од денес во изведбата на Влатко ја слушаме и како хит на Бубамара, е вброена на списокот на „500 најдобри песни на сите времиња“ на магазинот „Ролинг Стоун“ и меѓу првите десет од „100-те најдобри песни за гитара“. Во изведбата на Влатко Стефановски, оваа песна повторно покажа зошто има ваков култен статус.
Во лондонското студио Аби Роуд снимале некои од најважните и највозбудливите музичари – почнувајки од Битлси, Пинк Флојд, преку Amy Winehouse па се до Леди Гага и Дуа Липа. Со октомвриската сеанса на овој престижeн список се приклучи и Влатко кој сними 22 песни за историјата- заедно со неговиот син Јан Стефановски на тапани и со Тихомир Хојсак на електричен контрабас.
Во видеото за песната „While My Guitar Gently Weeps“ на Влатко познавачите ќе забележат и кадар од пешачкиот премин пред студиото Еби Роуд кој се најде на корицата на албумот „Еби роуд“, последен албум на Битлси снимен 1969. Тоа е познатата сцена на која тие четворица преминуваат преку пешачкиот премин еден зад друг, предводени од Ленон, кој симболично и прв ја напушти групата.
Овој пешачки премин, овековечен и на корицата од албумот, и денес е место за рок-аџилак во Лондон, каде доаѓаат поклониците на „Битлси“ – за да се фотографираат. Погледнете го видеото за новата верзија на „While My Guitar Gently Weeps“ и ќе го видите и таму.
Written by: radiobubamara_editor
For every Show page the timetable is auomatically generated from the schedule, and you can set automatic carousels of Podcasts, Articles and Charts by simply choosing a category. Curabitur id lacus felis. Sed justo mauris, auctor eget tellus nec, pellentesque varius mauris. Sed eu congue nulla, et tincidunt justo. Aliquam semper faucibus odio id varius. Suspendisse varius laoreet sodales.
close1
Mia Dimsic & Vlatko Stefanovski
2
Aleksandra Radovic
3
Gibonni
Post comments (0)