Музички вести

Приказната за студиото Abbey Road – светиот храм на поп-музиката

todayNovember 23, 2024 7

Background
share close

Возбудата на Влатко Стефановски и неговото трио околу октомвриската сесија во лондонското Еби Роуд студио е разбирлива за сите што ги паметат почетоците на рок-музиката и на топ листите.

Отворено за прв пат во 1931 година. Студиото Еби Роуд е првото наменски изградено студио за снимање музика, кое многу бргу стана центар на поп-музиката. Во овој простор Битлси го снимија речиси сиот свој материјал, пред да го насловат нивниот последен албум од 1969 според истоимената улица на која се наоѓа студиото.

Не само што е познато – лондонското Еби роуд студио е и најобебзедуваното. Не можете само така да влезете и да разгледате наоколу. Мора да се регистрирате и да го оправдате своето влегување на ова свето место за поп-музиката. Љубопитниците можат само да го набљудуваат однадвор.

„Музиката се открива самата себеси во оваа куќа“. Така луѓето на Еби Роуд студио го опишуваат овој простор. Цели 93 години овде биле добродојдени музичари кои ја обликувале музиката и популарната култура. Од најголемите – Битлси, Фела Кути, Пинк Флојд, Кејт Буш, Јехуди Менухин, Масив атак, Ејми Вајнхаус, Оејзис, Ник, Кејв, Стиви Вондер или Ширли Бејзи – до легендите на денешнната: Леди Гага, Little Simz, The Smile, Florence, Ezra Collective, Sam Smith, Morgan Wallen, Stormzy и др.

Најпознатиот клиент на студиото Еби Роуд биле Битлси, кои го користеле, обично, студиото број 2, како простор за многу иновативни снимачки техники во 1960-ите години.

Аголот на Еби Роуд и Гарден Роуд е уште едно место за музички аџилак. Тука е и натаму познатата „зебра“ – пешачкиот премин пред студиото по кој минуваат Џон Ленон, Ринго Стар, Пол МекКартни и Џорџ Харисон на корицата на познатиот албум „Еби роуд“, снимен 1969 година. Оваа фотографија се смета за најпозната корица на албум на сите времиња, која го запечати култниот статус на ова студио.

Еби Роуд студио е составено од три простори за снимање музика и од повеќе простори за миксирање и мастерирање на снимената музика. Најголемо е студиото 1 со капацитет од 100 музичари и исто толкав пејачки хор. На почетоците, тоа се користело само за класична музика.

Некогашната опрема за снимање и други тонски апарати, машини за чукање и ѕидовите на ова студио, кои се изнаслушале музика, се своевидни реликвии на поп-музиката и претставуваат задолжителен предизвик за сите кои го посетуваат Лондон.

Веројатно, овие податоци, барем приближно ја објаснуваат возбудата на Влатко Стефановски искажана по неговата октомвриска сесија во ова студио, каде што сними – 22 песни за историјата. Меѓу нив и неговата верзија на „While My Guitar Gently Weeps“ – во чест на Битлси.

 

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%