Музички вести

„Лакмус“ – нова песна на Тања Тас и Игор Атанасоски – Харе

todayNovember 21, 2024 70

Background
share close

Слушнете ја „Лакмус“, новата песна од успешната соработка меѓу Тања и Харе.

Музиката и текстот се на Игор Атанасоски – Харе, аражманот е на Дамир Имери, а музички продуцент е Мите Димовски.

– „Лакмус“ ја создадов пред десет години и ете го чекаше трпеливо своето време, да се најде во рацете на вистинскиот пејач, а во случајот тоа е Тања Тас. Таа е плод на мојата желба постојано да истражувам, барајќи нови музички хоризонти. А нејзиниот специфичен звук и текст се должат на тоа што јас не калкулирам, едноставно го вадам тоа што го чувствувам во себе – вели авторот Игор Атанасоски – Харе.

За песната е снимен и интересен видео запис, во режија на Александар Ристовски.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%