Музички вести

Солзи, носталгија, гордост, емоции, радост, музика која трае… Концертот на МЕМОРИЈА никого не остави рамнодушен!

todayNovember 17, 2024 320

Background
share close

„Меморија“ ни оставија моменти за паметење и раскажување, концертот како што почна така и заврши – моќно и спектакуларно!

Хитовите се редеа еден по друг, публиката на нозе од почеток до крај, КОНЦЕРТ за кој ќе се зборува уште многу долго.

Пред да излезат МЕМОРИЈА на сцената, точно во 21 часот, свој настап имаше прилепската група „Фор“, по кои салата Борис Трајковски се затресе, што од емоции, од веселите вибрации и добрата изведба на патриотски песни, кои ги снимија изминатиов период и неизбежната „Македонија“, која уште од старт ја распеа публиката.

Особено беше емотивна изведбата на Поце на баладата „За тебе“, посветена на неговата неодамна почината сопруга, кого го совладаа емоциите, а публиката во знак на поддршка долго и силно му ракоплескаше.

Ристо Самарџиев пак доминираше во вториот дел на концертот, тој со својот глас и интерпретација ја разнежни публиката која пееше во еден глас со него.

Се редеа песни и гости, како Андријана Јаневска, Дани, Сара Мејс, Ружица и Ивица од „Ареа“ и харизматичното и насмеано лице на младото момче од Прилеп, Филип Николовски, кое се движи со помош на количка, но и покрај тоа одбрал животот да му биде песна.

Во текот на концертот преку видео бим се обрати Симон Трпчевски, љубител на песните на Бендот и маестрално како што само тој умее ја отсвири „Оган под звездите“.

Многу убавина на едно место, која се заокружи со „Дирлада“ и секако „Оган под ѕвездите“ за бис. Иако прославија 40 години кариера, МЕМОРИЈА и понатака се полни со елан, најавија нов албум.

Честитки!

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%