Музички вести

„Ептен Љубовна“ нова песна од Игор Џамбазов feat. Sarah Mace & The Girlz

todayNovember 7, 2024 163

Background
share close

„Ептен Љубовна е плод на музичката креативност на големиот уметник и шоумен Игор Џамбазов, кој ги креираше музиката и текстот, а ја изведува заедно со Сара Мејс и вокалниот состав „The Girlz“, составен од Калина Велковска, Ана Петановска и Теа Богатинова.

Аранжманот на песната е дело на Гуру Харе, кој додаде свои уникатни музички елементи, додека вокалниот аранжман за девојките е подготвен од Теа Богатинова, која внесе хармонија и изразност во нивните гласови. Спотот, снимен на неколку автентични локации низ Скопје, е режиран од Борјан Стојков, кој успева да ја пренесе суштината на песната во едно слатко сценарио. Оваа уникатна музичка колаборација донесува специфичен пристап во љубовните теми и на симпатичен начин ја прикажува љубовта од поинаква перспектива.

Со „Ептен Љубовна,“ Игор Џамбазов заедно со Сара Мејс & The Girlzz внесуваат нова енергија и креативност на македонската музичка сцена, демонстрирајќи дека музиката не претставува само израз на длабоки емоции, туку и извор на насмевки и забава и за отсликување на несекојдневните животни ситуации. Со својот свеж пристап, тие умешно ја комбинираат лириката и хуморот, што резултура со уникатна музичка композиција за уживање.

„Песната ја пишував во етапи. Пишувана е за неколку жени. Една вистинска, една лажна и неколку замислени. Затоа и се вика ептен љубовна… многу љубов има вложено во неа. Уживајте!“, напиша Игор Џамбазов на својот Instagram профил по објавата на новата композиција.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%