Month: October 2024

18 Results / Page 2 of 2

Background

Музички вести

Калиопи се надмина себеси! Арената „Борис Трајковски“ никогаш не звучела поубаво! Тричасовен спектакл кој ќе се памети долго!

Долгоочекуваниот и навистина спектакуларен солистички концерт на Калиопи  во скопската арена „Борис Трајковски“, која беше исполнета до последното место ќе се памети долго. Истиот започна со препознатливите ноти на евергринот „Обои ме“ и наредните три часа арената звучеше топло, пријатно и ги доби најубавите чувства, музика, глас, грандиозност, убавина. Едноставно арената никогаш не звучела поубаво. Калиопи никогаш досега немала концерт во арената „Борис Трајковски“, сѐ до (19 октомври), кога ја наполни […]

todayOctober 21, 2024 286

Музички вести

Владимир Четкар со ‘Let Us Be’ се најде во друштво на светските музички ѕвезди!

Новиот студиски албум ‘Let Us Be’ на Владимир Четкар на 09 октомври се издаде во десетици илјади примероци низ сите музички продавници во Јапонија со ударна промоција подеднаква како онаа на светските музички ѕвезди! Во Токио најновиот студиски албум на Владимир Четкар ‘Let Us Be’ се објави преку познатата Јапонска музичка куќа P-Vine Records со прекрасни рецензии за ова последно студиско остварување на македонскиот кантавтор и изведувач. Ова е голем […]

todayOctober 11, 2024 181

Музички вести

Хрватската кантавторка Миа Димшиќ снима видео за новата песна во Скопје

Миа Димшиќ, хрватска пејачка и кантавторка во подем, деновиве во Скопје снима видео за насловната нумера „Друштвена правила“ од нејзиниот истоимен новообјавен албум. Заразната песна, која деновиве интензивно се слуша насекаде, е снимена во соработка со гитарскиот маестро Влатко Стефановски. Со Влатко се сретнавме на манифестација во Загреб. Тој ми пријде, ми рече дека му се допаѓа тоа што го работам и ми понуди спремност за соработка. Тоа е понуда […]

todayOctober 9, 2024 64

Музички вести

Дадо Топиќ и „Генерација 5“ со нова песна – во идна соработка

Со песната „Јас верувам (Ја верујем)“ премиерно претставена летово, Дадо Топиќ и групата „Генерација 5“ најавија идна соработка, нов материјал и серија концерти есенва. Песната „Ја верујем“ што Топиќ ја отпеја со младиот пејач на „Генерација 5“ Милош Бајата е посветена на неодамна починатиот басист на групата Милош Стојисавјевиќ Цајгер. Соработката на Топиќ и „Генерација 5“ трае долга низ години, а оваа нова песна е прв чекор во следната заедничка […]

todayOctober 5, 2024 130

Музички вести

Време е да ја слушнете најличната песна на единствената Нина Бадриќ!

Нина Бадриќ, омилената хрватска музичка дива, со месеци ја радува својата верна публика со низа нови песни, меѓу кои се издвојуваат хитовите како #onokad и страсната балада „Како си “. Сега публиката ја израдува со нејзиниот нов сингл „Moji ljudi“, кој се издвојува како најлична песна од претстојниот албум. Оваа песна носи посебен емотивен набој и доаѓа во пресрет на долгоочекуваното издание на нејзиниот нов албум и најавените концерти во […]

todayOctober 4, 2024 174

Музички вести

Михаил Парушев со својата „Парусион груп“ во проширен состав вечерва ќе одржи концерт во „Станица 26“

Нови и моќни вокално-инструментални фанк њу поп-џез композиции на Михаил Парушев ќе можат да се слушнат на вечерва од 20:30 часот, во „Станица 26“ во Скопје. Станува збор за материјали од новиот музички проект со наслов „За арно, за убаво“ на авторот Михаил Парушев, кој е тапанар и лидер на „Парусион груп“. Михаил Парушев, тапанар и композитор, оваа година слави 40 години јубилеј од првиот настап. Во неговата долга и […]

todayOctober 4, 2024 119

Музички вести

ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ „Во спомен на љубовта за Данче“ – во чест на Даниел Милошевски

Хуманитарниот концерт насловен „Во спомен на љубовта за Данче“ ќе се одржи на 6 октомври (недела) во НОБ, а во чест на 10-годишнината од смртта на еден од највлијателните домашни музички менаџери и продуценти Даниел Милошески – Данче, човекот кој остави неизбришлив белег во македонската и балканската музичка индустрија. Во негова чест и со единствена цел да се одбележи наследството што го остави, ќе настапат: Ареа, Агни Авшар, Ана и Стефан Петановски, Бени и […]

todayOctober 3, 2024 109

Музички вести

Во сабота ѕвездите ќе пеат за Тоше во Крушево!

Во сабота (5 октомври) ќе се одржи концерт посветен на Тоше Проески во Градскиот парк во Крушево. Концертот ќе биде со почеток од 18 часот. Присутните ќе имаат можност да ги чујат најголемите хитови на Тоше во изведба на Ламбе Алабаковски, „Некст тајм“, Антониа Гиговска, Ребека, Немања Радошевиќ, Анѓела Нинковиќ, Мартинијан Кириловски, „Инвиктус бенд“, Славица Ангелова, Тамара Стојкоска, Јасмин Алиевски и Кирана Ивановска. Нашиот никогаш непрежален Тоше Проески го одржа својот последен […]

todayOctober 3, 2024 146

Музички вести

Влатко Лозаноски-Лозано сними песна според вистинска животна приказна!

Влатко Лозаноски-Лозано сними нова песна со наслов „Жолто црвено“, за која вели дека е напишана според вистинска животна приказна. Сочинета со единствени стихови кои ќе допрат до секој Македонец. „Песната е создадена според вистинска животна приказна. На една од моите турнеи минатата година се запознав со еден нашинец, кој во неврзан разговор ми ја раскажа неговата животна приказна. Во тој момент, освен што ја ислушав, не ѝ дадов многу на […]

todayOctober 2, 2024 67

No more entries

0%