Музички вести

Објавен е спотот на Миа Димшиќ сниман во Скопје: „Одлично се забавував, Македонците се прекрасни“

todayOctober 30, 2024 35

Background
share close

Објавен е спотот за песната „Društvena pravila”, кој Миа Димшиќ и Влатко Стефановски пред 10-ина дена го снимија во Скопје. Во спотот за песната, во која Миа Димшиќ го критикува општеството и нормите со кои сме соочени, Скопје „игра“ со својот барокен центар, резултат на политичко –архитектонската егзибиција „Скопје 2014“.

 

-Снимањето на спотот во Скопје беше можност да го запознаам градот. Пред се, добро се забавував. Со екипата во која камерман беше Алексндар Ристовски го минавме градот вдолж и попреку, а го посетивме и студиото на Влатко СТефановски, кој се појавува во финалето на спотот. Македонците се прекрасни луѓе и искрено се надевам дека во иднина ќе имам повеќе можности за посета на Македонија – вели Миа Димшиќ.

За време на престојот во Скопје, таа го посети и студиото на Бубамара и беше гостинка на нашата програма.

-Горда сум на песната „Društvena pravila” и се надевам дека овој спот ќе и даде дополнителна димензија – вели Миа.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%