Музички вести

Влатко сними 22 песни за иднината во лондонското студио Еби роуд

todayOctober 28, 2024 85

Background
share close

Во годината кога одбележува 5 децении импресивна кариера, Влатко Стефановски оствари и специјална лондонска авантура. Настапи во распродадениот клуб „Дингволс 2“ во лондонскиот кварт Камден и снимаше во легендарното студио Еби Роуд со екипата на Кроација рекордс.  Во студиото Еби роуд Влатко Стефановски и неговото трио снимија 22 песни, меѓу кои и “While My Guitar Gently Weeps”, песна на Битлси, како специјално избрана посвета на просторот на Еби роуд, во кој снимала и четворката од Ливерпул, станувајки дел од глобалната музичка историја.

Желимир Бабогредац, директор на Кроација рекордс, деновиве го претстави новиот албум на Влатко на социјалните мрежи.

Видео тим на Кроација рекордс го докуменираше снимањето на албумот во студиото Еби Роуд и концертната атмосфера во клубот „Динглволс 2“, па оваа лондонска авантура на Влатко Стефановски ќе може и да се гледа, а не само да се слуша. Во снимањето на овие 22 песни, Влатко го придружуваа Јан Стефановски на тапани и Тихомир Хојсак на контрабас.

-Во култното студио Еби Роуд ги прошетавме сите ходници, ги видовме сите инструменти и светите места на кои работеле Битлси. Пеев на микрофонот, на кој некогаш пеела Ејми Вајнхаус. Голема е мотивацијата за снимање на вакво место – изјави Влатко.

Распродадениот клуб „Дингволс 2“ беше дополнителен мотив, а публиката одговори на најдобар можен начин.

-Концертот беше незаборавен. Публиката пееше со нас. Беше необично и волшебно. Благодарни сме на екипата на „Кроација рекордс“ што ни го овозможи ова музичко патување – изјави Влатко.

Со повеќе од 15 самостојни албуми и бројни филмски и театарски проекти Влатко покажа неверојатна списобност за спојување на различни музички жанрови и уметнички изрази. Автор е на музиката на три современи балети и 17 играни филмови. Посебно е важна неговата соработка со Лондонскиот симфониски оркестар, а и оваа лондонска авантура ќе има место во неговиот споменар.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%