Музички вести

Стефче Стојковски по прославата на 25 годишниот јубилеј во Македонската Филхармонија, продолжува со концерт во Прилеп!

todayOctober 22, 2024 147

Background
share close

На 25.10.2024/петок/од 19.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи Стефче Стојковски со неговиот ансамбл на народни инструменти и песни. Гости на вечерта се Октет Прилеп и КУД „Моминок“

По 21 издаден албум, одржани 100 семинари за музика и настапи во 42 земји низ светот, изведувачот на народни инструменти Стефче Стојковски вчера со голем концерт во Македонската филхармонија го прослави 25 годишниот јубилеј на неговиот ансамбл.

Заедно со Стефче Стојковски на концертот, насловен „За Македонија и Македонците“ настапија и врвни вокалисти и изведувачи на македонски традиционални инструменти.

За континуираното ширење на македоинската народна музика во светот Стојковски вели дека го води љубовта кон своето, кон тоа што значи битие и постоење.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%