Музички вести

Почина познатиот композитор Љупчо Константинов

todayOctober 21, 2024 48

Background
share close

Почина познатиот композитор Љупчо Константинов. Константинов беше препознатлив по неговата музика „Среќна нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна патека“, „Хај-фај“ и други.

Од неговата песна „Еј ти, младо момче“ во изведба на групата „Индекси“, неговата наградувана и изведувана авторска музика се смета за македонско музичко богатство.

Тој дипломирал на Музичката академија во Белград. Компонирал музика во играни, документарни и анимирани филмови, во голем број на телевизиски филмови, серии и драми.

Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста. Композиторот во 2019 година ја доби ѝ наградата „Голема ѕвезда“ на македонскиот филм на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, а ја добил и наградата „Златен објектив“ за 2023 година, која ја доделува Кинотеката на Македонија.

Да Ве потсетиме и на вечниот евергрин од перото на големиот Димитар Масевски, испеана од Диме Поповски. Песната Бела птица е на Димитар Масевски, текстот на Диме Поповски, а аранжманот на Љупчо Константинов. Компонирана и снимена е во 1978 со Ревискиот оркестар на МРТВ.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%