Музички вести

Калиопи се надмина себеси! Арената „Борис Трајковски“ никогаш не звучела поубаво! Тричасовен спектакл кој ќе се памети долго!

todayOctober 21, 2024 199

Background
share close

Долгоочекуваниот и навистина спектакуларен солистички концерт на Калиопи  во скопската арена „Борис Трајковски“, која беше исполнета до последното место ќе се памети долго.

Истиот започна со препознатливите ноти на евергринот „Обои ме“ и наредните три часа арената звучеше топло, пријатно и ги доби најубавите чувства, музика, глас, грандиозност, убавина. Едноставно арената никогаш не звучела поубаво.

Калиопи никогаш досега немала концерт во арената „Борис Трајковски“, сѐ до (19 октомври), кога ја наполни салата и на спектакуларен начин одбележа 40 години на сцената и 40 години соработка со Ромео Грил.

Гостин на концертот беше Мартин Маринковиќ Слаткар, а освен нивниот дует „Казна“, заедно ја отпеаја и неговата песна „Да полетам“.

Освен него, на сцената дојде и Жељко Самарџиќ, со кого го има хитот „Знам“.

„Месечина“, „Најмила“, „Обои ме“, „Црно и бело“, „Дали ме сакаш“ – таа ги отпеа нејзините најголеми хитови, а му оддаде посебна чест на нејзиниот поранешен сопруг и соработник Ромео Грил, кого го покани на сцената и заедно ја изведоа легендарната „Бато“ од која сите се ежат.

Калиопи вети дека нема да ја чекаме толку долго за следен концерт туку дека догодина на нов концерт ќе ги испее сите песни кои не беа на репертоарот овојпат.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%