Музички вести

Владимир Четкар со ‘Let Us Be’ се најде во друштво на светските музички ѕвезди!

todayOctober 11, 2024 80

Background
share close

Новиот студиски албум ‘Let Us Be’ на Владимир Четкар на 09 октомври се издаде во десетици илјади примероци низ сите музички продавници во Јапонија со ударна промоција подеднаква како онаа на светските музички ѕвезди!

Во Токио најновиот студиски албум на Владимир Четкар ‘Let Us Be’ се објави преку познатата Јапонска музичка куќа P-Vine Records со прекрасни рецензии за ова последно студиско остварување на македонскиот кантавтор и изведувач.

Ова е голем интернационален успех на Четкар затоа што неговиот квалитет беше препознаен на најголемите светски музички пазари, односно онаму каде што е најтешко да се биде препознаен.

Инаку албумот ‘Let Us Be’ е музичка симбиоза на џез, фанк соул и диско и е комплетно авторско дело на Четкар каде тој се наоѓа во улога на композитор, аранжер/оркестратор, продуцент, гитарист , вокалист, текстописец и диригент.

Албумот ‘Let Us Be’ во целост се снимаше во САД.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%