Музички вести

Хрватската кантавторка Миа Димшиќ снима видео за новата песна во Скопје

todayOctober 9, 2024 46

Background
share close

Миа Димшиќ, хрватска пејачка и кантавторка во подем, деновиве во Скопје снима видео за насловната нумера „Друштвена правила“ од нејзиниот истоимен новообјавен албум. Заразната песна, која деновиве интензивно се слуша насекаде, е снимена во соработка со гитарскиот маестро Влатко Стефановски.

  • Со Влатко се сретнавме на манифестација во Загреб. Тој ми пријде, ми рече дека му се допаѓа тоа што го работам и ми понуди спремност за соработка. Тоа е понуда што не се заборава. И што повторно ми докажа дека сите големи ѕвезди – колку што се поголеми во музиката, толку се понормални луѓе – вели Миа во интервју за Радио Бубамара.

Новиот албум „Друштвена правила“ содржи 14 песни, меѓу кои и соработка со уште една музичка ѕвезда „Ajmo u đir“ со Нено Белан, како и „Uzalud ti sve“ со хрватската пејачка Дорис Косовиќ.

И на новиот албум, Миа Димшиќ го задржува својот препознатлив и толку автентичен стил, кој од самите нејзини почетоци пред 9 години ја издвоија како своја и посебна. Песните ја имаат препознатливата искреност и свежина на Миа, а меѓу нив има балади, но и повесели ритми.

  • Многу сум слушала за Радио Бубамара. Знам дека често ја вртите мојата музика и дека таа има убав прием кај овдешната публика. Затоа и сакав да дојдам, да се претставам и да го продолжиме официјално ова веќе започнато пријателство – рече Миа на 105,2.

„Друштвена правила“ е трет албум на Миа Димшиќ на хрватски, а вкупно четврти нејзин албум. Минатата 2023 таа го објави албумот „Монолог“ на англиски јазик. Вели дека, како професионален преведувач од англиски и германски, понекогаш полесно и поискрено се изразува на англиски, што и нејзе самата ја чуди.

Таа е неколкукратна добитничка на хрватските музички награди „Порин“, а најголем успех постигна во 2018 кога нејзиниот прв албум „Живот није сив“ стана албум на годината, а песната „Безимени“ – хит на годината во Хрватска.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%