Музички вести

Михаил Парушев со својата „Парусион груп“ во проширен состав вечерва ќе одржи концерт во „Станица 26“

todayOctober 4, 2024 55

Background
share close

Нови и моќни вокално-инструментални фанк њу поп-џез композиции на Михаил Парушев ќе можат да се слушнат на вечерва од 20:30 часот, во „Станица 26“ во Скопје. Станува збор за материјали од новиот музички проект со наслов „За арно, за убаво“ на авторот Михаил Парушев, кој е тапанар и лидер на „Парусион груп“.

Михаил Парушев, тапанар и композитор, оваа година слави 40 години јубилеј од првиот настап. Во неговата долга и плодна кариера бил член на легендарните македонски групи Талични Том, Сет, Октавијан, Архангел, Влатко Стефановски Трио, а во 1999 година, заедно со Ѓоко Грујовски,Иван Бејков и Емин Џијан ја формираат групата Проект Жлуст. Парушев, во 2001 година се сели во Загреб и почнува да свири со врвни музичари од Хрватска и Словенија. Од 2010 година е член на Леб и Сол, а паралелно работи на својот авторски проект Парусион.

На концертот тој ќе настапи заедно со пријателите Зоран Костадиновски (гитара), Јован Цветковиќ (пијано), Иван Бејков (бас-гитара), Трајче Велков (труба), Петар Колевски (саксофон), Петар Христов (сопран саксофон), Драган Трајковски (вокал) и Елена Васова (вокал и перкусии).

На концертот ќе има уште неколку гости, кои ќе бидат изненадување за публиката. Концертот е поддржан од Министерството за култура.

 

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%