Музички вести

Влатко Лозаноски-Лозано сними песна според вистинска животна приказна!

todayOctober 2, 2024 24

Background
share close

Влатко Лозаноски-Лозано сними нова песна со наслов „Жолто црвено“, за која вели дека е напишана според вистинска животна приказна. Сочинета со единствени стихови кои ќе допрат до секој Македонец.

„Песната е создадена според вистинска животна приказна. На една од моите турнеи минатата година се запознав со еден нашинец, кој во неврзан разговор ми ја раскажа неговата животна приказна. Во тој момент, освен што ја ислушав, не ѝ дадов многу на значење, но по некое време почнав сѐ повеќе да размислувам за создавање песна инспирирана од тој краток разговор. Со авторите Лазар Цветкоски и Магдалена Цветкоска-Ена долго работевме на овој проект, свесно не сакавме да брзаме, за да може и ние лично да се вклучиме во самата приказна”, вели Лозано.

Тој и братот и сестрата Цветкоски се автори на текстот, а музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, еден од нашите најпознати композитори и долгогодишен соработник на Лозано.

За песната е снимен и спот во режија на Даниел Јовески. Спотот е снимен на повеќе локации, а една од нив е Офицерскиот дом во Битола.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%