Музички вести

Синтезис со голем концерт ќе го одбележи својот 30-годишен јубилеј

todaySeptember 6, 2024 16

Background
share close

Спектакуларен концерт во Македонската филхармонија најавува групата „Синтезис“, еден од најзначајните амбасадори на македонската музика, со која ќе одбележи 30 години постоење. Концертот ќе се одржи на 25 септември во 20.30 часот.

Формирана во 1995 година, „Синтезис“ ја започна својата кариера со уникатна визија – да ја оживее и презентира македонската традиционална музика на современ начин. Со комбинирање на старите фолклорни звуци со модерни аранжмани, групата брзо се истакна на македонската музичка сцена и понатаму на меѓународната. Нивниот прв албум, „ДД Синтезис“, беше објавен во 1996 година и веднаш предизвика позитивни реакции кај публиката и критиката. Групата ја продолжи својата успешна приказна со албумите „Swinging Macedonia“(2000) и други значајни изданија кои го истакнаа нивниот автентичен звук.

– Со повеќе од 500 концерти одржани на сите континенти, „Синтезис“ се докажа како најзначајниот извозен музички продукт од Македонија. Тие настапувале во некои од најпрестижните концертни сали и фестивали ширум светот, каде што ја презентирале македонската музичка култура и традиција. Нивната мисија е да ја зачуваат македонската традиционална музика, но и да ја облагородат со нови музички форми и елементи кои ја прават релевантна за денешната публика – велат организаторите.

Цели три децении, „Синтезис“ со посветеност и страст ја чува и развива македонската музичка традиција. На концертот во Филхармонијата, групата ќе изведе дел од своите најпознати композиции кои го одбележаа нивниот пат низ годините.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%