Музички вести

Гала концерт со македонски евергрини за отворање на „Карпошово Културно лето 2024“, 19 август – плоштад „Делфина“ во Влае!

todayAugust 15, 2024 235

Background
share close

Културно-уметничката манифестација „Карпошово Културно лето 2024“ по 15 -ти пат ќе почне во понеделник на  19 август и ќе трае до 27 август.

Плоштадот „Делфина“ во Влае, девет дена ќе биде резервиран за незаборавна забава на која ќе настапуваат уметници, солисти, музичари, а ќе има програма и за најмладата публика.

На отворањето на „Карпошово културно лето 2024“ во понеделник на 19 август од 20.30 часот ќе настапат: Националниот џез оркестар, Гудачки оркестар и Радио Бубамара со солистите Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Ана Петановска, Светлана Јовановска и Драган Мијалковски, кои ќе бидат дел од македонскиот музички времеплов.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски информираше дека локалната самоуправа годинава фокусот го насочи кон македонската културна сцена, со што на  јубилејното 15- то по ред  „Карпошово културно лето 2024“ ќе настапуваат само домашни музичари, уметници и актери.

-Ги повикувам карпошани, како и граѓаните од другите општини, да присуствуваат на овие вечери, да се дружиме и забавуваме, малку да се релаксираме, порача Јакимовски.

Дел од учесниците на отворањето на „Карпошово Културно лето 2024“, беа наградени на последното издание на Златна Бубамара на популарноста!

 

 

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%