Музички вести

НОКАУТ И БРЕЈК ИМААТ НОВА ПЕСНА И НАЈАВЕН КОНЦЕРТ ВО ОХРИД

todayJuly 10, 2024 52

Background
share close

Нокаут во моментов заедно со Дарко Гелев Брејк се актуелни со новата песна насловена Скопје-Барселона.

Освен што се актуелни музички, актуелни се и нивните концерти.

На 05 јули, Хераклеја во Битола беше сведок на неверојатен музички спектакл, а на 27 јули веќе е најавен и следниот концерт во Антички театар во Охрид.

Во октомври минатата година, „Нокаут“ во Скопје го промовираше својот четврти албум „Што бараш ти во мојата песна?“.

Билетите за концертот во Охрид се продаваат преку мрежата на mktickets, а го организира продукцијата „Сцена“.

Неделава Скопје-Барселона ја слушаме како хит на 105,2.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%