Музички вести

Концерт на Митан проект со Андријана Јаневска во Крива Паланка

todayJuly 3, 2024 36

Background
share close

На летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, на 4 јули(четврток) со почеток во 20:00 часот, ќе бидат изведени најубавите македонски антологиски песни, во рамките на концертот на Митан проект со Андријана Јаневска.

Овој познат музички проект кој ја обединува традицијата и емоциите на некогашниот дух на времето, претставува музичко патување низ Македонија со песни кои ја раскажуваат приказната за радоста, љубовта, тагата и гордоста.

На програмата се најубавите „Македонски рози“ кои ќе ги оживеат спомените за опеаните Дафина, Милица, Елена и други, преку уникатната интерпретација на Андријана Јаневска, маестро Дамир Имери и музичарите Владимир Крстев, Александар Јовевски, Петар Димовски и Мите Димовски-Митан.

Настанот е дел од програмата на „Крива Паланка – Град на културата 2024“, и претставува можност за сите љубители на македонската музика да уживаат во едно незаборавно доживување, исполнето со емоции и спомени за паметење.

 

 

 

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%