Музички вести

Каролина Гочева, Констракта и „Суперхикс“ ќе бидат дел од спектаклот на отворањето на „Битфест“

todayJuly 2, 2024 40

Background
share close

Каролина Гочева ќе биде дел од настанот „Ѕвездена симфонија“, што ќе се одржи на 3 јули од 19 часот на Градскиот стадион во Битола, а ќе настапи во придружба на Битолскиот камерен оркестар.

На истиот настан ќе настапат и српската кантавторка Констракта, „Суперхикс“, „Паркети“, „Брас брадрс“ и Лав Итоја од Нигерија. Оркестарот како гости ги најави дуото „Пиг и Дан“ од Шпанија, кое настапува на фестивали на електронска музика низ Европа и германскиот бенд „Шилер“, формиран во 1998. Со „Шилер“ ќе настапат македонските пејачки Агни Авшар и Наде Талевска.

Диригент е Владимир Димовски.

Настанот ќе го отвори традиционалниот Бит фест, а билетите се продаваат онлајн на yournextevent.info.

 

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%