Музички вести

Влатко Стефановски на 6 јули со концерт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

todayJuly 1, 2024 172

Background
share close

Познатиот македонски музичар и една од најголемите ѕвезди на поранешна Југославија, Влатко Стефановски, кој годинава слави 50 години на сцена, на 6-ти јули ќе одржи голем концерт во Ниш.

Стефановски во градот на Нишава ќе настапи заедно со своето трио составено од Јан Стефановски (тапани) и Иван Кукиќ (бас), а концертот ќе се одржи во дворот на Универзитетот (Бановина) со почеток од 21 часот.

Магионичарот на гитара ќе ја потсети нишката публика на неколку од неговите најпознати хитови какo што сe „Ноќта будна“, „Јованo Јованке“, „Kaко кaкао“, „Чyкни во дрво“, “Скoпje”, „Maкедонско девојче”…..

За овој концерт има огромен интерес од публиката.

Познатиот гитарист неодамна за „Танјуг“ откри и дека подготвува нов албум, пишува мемоари и дека е во преговори со австриската компанија „Tomastik infeld“ наскоро под неговото име да се појават жици од гитара, што, како што вели, му претставува голема чест.

Ние Ве потсетуваме на “Учи ме мајко карај ме” – најмоќната изведба досега на Влатко Стефановски и неговиот син која се случи на Златна Бубамара на популарноста 2019 година.

 

 

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%