Музички вести

Бијело дугме повторно во мода!

todayJuly 1, 2024 146

Background
share close

Цензурираната верзија на „Битанга и принцеза“ конечно меѓу фановите

 

Croatia Records, најголемата дискографска куќа во регионот
со гордост ја претставува новата, досега нечуена и невидена
верзија на албумот „Битанга и принцеза“ на култните „Бијело
дугме“.

Четириесет и пет години подоцна, четвртиот, најамбициозен,
и, според многумина, најдобар албум на иконите на
југословенскиот рокенрол – „Бијело дугме“ доаѓа во ново
звучно и визуелно руво.


За повторно миксање на албумот се користени оригиналните
24 канални ленти, кои беа внимателно зачувани сите овие
години во архивата на Croatia Records.

Но, не е само звукот што ќе ги воодушеви дискофилите.
Јубилејното издание на „Битанга и принцеза“ доаѓа со оригиналната, цензурирана обвивка на Драган С.Стефановиќ!

Албумот „Битанга и принцеза“ содржи седум одлични песни.

Иван Беќковиќ, супервизорот на Croatia Records за
Македонија потенцира дека изданијата на најголемата
дискографска куќа во регионот се постојано присутни во
нашата земја и се многу популарни кај фановите, бидејќи тие
се секогаш подобри од другите, оти даваат многу повеќе…

 

– Со винилот на Croatia Records секогаш оди и картичка за
бесплатно преземање на песните во MP3 верзии, а самите
изданија се луксузни, со многу дополнителни содржини.
Јубилејната верзија на „Битанга и принцеза“ преку веб-шоп
страната на Croatia Records веќе може да се купи онлајн, а
официјалното излегување на албумот е закажано за 15-ти
јули. Една недела претходно нестрпливите ќе можат да го
слушнат сработеното на дигиталните платформи.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%