Музички вести

Д ФЕСТИВАЛ СЕ ОТВОРА ПО 14. ПАТ, НАЈАВЕНИ НАД 50 УЧЕСНИЦИ НА ШЕСТ БИНИ

todayJune 28, 2024 88

Background
share close

Д фестивал, најголемиот летен фестивал во Македонија, денеска по 14. пат ги отвора своите врати во Дојран за илјадниците посетители. Седумдесет и двочасовната програма ќе донесе богата и разновидна музичка програма и бројни пропратни содржини на брегот на Дојранското Езеро.

Како главни музички ѕвезди на шесте бини се најавени Лил Памп, Фатумата Дијавара, „Нувел ваг“, Џонас Блу и „Елементал“, најголеми атракции на техно подиумот ќе бидат Дебора де Лука и Сама Абдулхади, од регионалната сцена се издвојуваат „Џокер аут“ и „Бед копи“, додека македонската музика ќе ја претставуваат разни генерации, од „Санаториум“ и „Паркети“ преку „Фолтин“ до „Луфтанза“, „Вагина корпорација“, „Пич вајс“ и ЛД Пистолеро.

Настаните на главната бина почнуваат во 20 часот, а отворањето е со хрватскиот бенд „Елементал“.

Д фестивал, кој вообичаено завршува в понеделник во ноќните часови, не е само музика, па така разни содржини ќе можат да се пронајдат во рамките на Плоштарт и во други зони на фестивалскиот простор.

Фестивалот е во организација на „Пасворд продукција“.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%