Музички вести

Овации за Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ во Скопје

todayJune 4, 2024 67

Background
share close

Две децении по првото издание на нивниот заеднички албум „Трета мајка“, со десет инструментални преработки на македонските народни песни на цеде, деновиве беше објавено и винилно издание од ова музичко ремек-дело.

Токму по тој повод, викендов во Скопје повторно се сретнаа двајцата пријатели, двајца музички барда, врвни гитаристи, кои покажа зошто се тандем без конкуренција

Моќна изведба на двата големи виртуози на гитара, огромна љубов кон македонската традиционална музика и аплаузи и овации по секоја отсвирена нумера… Вака накратко би ги опишале двата извонредни концерта кои врвните музичари Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ ги приредија викендов за публиката во Македонската филхармонија во Скопје.

Точно дваесет години по првото издание на нивниот заеднички албум „Трета мајка“ со десет инструментални преработки на македонските народни песни на цеде, деновиве беше објавено и винилно издание од ова музичко ремек-дело.

Токму по тој повод, викендов во Скопје повторно се сретнаа двата пријатели, двата музички барда, врвни гитаристи, кои покажа зошто се тандем без конкуренција.

„Ако имате потреба, затворете ги очите, ако имате потреба, отворете ги. Како и да е, само уживајте“, кажа на концертот Влатко Стефановски. И уживавме… во вечери полни со емотивна изведба на добропознатите нумери „Јовано, Јованке“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Опа –иха“, „Македонско девојче“, „Пајдушко“…

Длабоката меѓусебна почит и пријателството кое трае полни триесет години го направија своето. Публиката во салата на Македонската филхармонија целосно уживаше во секој тон, во секоја нумера, од почеток до крај, а бурниот аплауз и стоечките овации на публиката, која бараше бис, беа доказ за нивната големина како музичари, за нивната поврзаност и соработката која трае…

Нивното пријателство резултираше со два извонредни концерта и неверојатна заедничка изведба на антологиски нумери, при која се разбираа со поглед, речиси без зборови и во целосна занесеност која ја пренесоа и на публиката. И ако за Влатко Стефановски, секоја негова средба и настап со Мирослав Тадиќ е празник на музиката, тогаш за публиката овие две вечери беа музичка прослава која посакаа да трае што подолго.

Стефановски пред присутните освен на својот пријател и соработник Тадиќ, се заблагодари и на  продукцијата „Авалон“, која го реиздаде албумот „Трета мајка“ на винил, кој како што кажа „повторно е во мода“, но и на Македонската филхармонија за гостопримството.  Заедно со Тадиќ, пак, ѝ кажаа благодарам и на публиката, нивните фанови, кои и двете вечери со нескриено задоволство уживаа во изведбата на двајцата виртуози.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%