Музички вести

Дивље Јагоде го најавија 13. студиски албум

todayMay 9, 2024 24

Background
share close

Легендарниот бенд Divlje jagode, штотуку го објави својот петти и последен сингл пред објавувањето на нивниот долгоочекуван тринаесетти студиски албум.

Новата песна со наслов „Ukrala je svjetlost istoka“ е класична hard/heavy композиција која истовремено мелодиски го потврдува препознатливиот стил на бендот. Овој сингл е само мал вовед во она што нè очекува на тринаесеттиот студиски албум на бендот, наречен „13“. Според најавите, тој треба да биде објавен во втората половина на мај под етикета на најголемата регионална дискографска куќа Croatia Records.

Што се однесува до овој дискографски новитет, музиката и продукцијата се дело на фронтменот на Дивље јагоде, Сеад Зеле Липовача, текстот е на Дамјан Деуриќ, а за миксот и мастерингот се погрижи Швиги (студио Шишмиш). Новиот сингл е придружен со видео во продукција на RetroMetro&JohnDoe Production.

Со оглед на богатата историја на музичката сцена, очекувањата се големи, а овој сингл сигурно ќе ги задоволи апетитите на публиката која нетрпеливо го чека новото музичко остварување на Дивље Јагоде. Во меѓувреме погледнете го видео спотот.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%